Нетфликс ги претстави своите филмови за оваа година со импресивен трејлер

Годината во која веќе го минуаме вториот месец се чини дека е уште една многу успешна за Нетфликс. Стриминг сервисот ги воодушеви следбениците со изненадувачки трејлер во кој се претставени сите оние филмови кои се најочекувани и кои ќе бидат достапни на оваа платформа во текот на 2022 година, а ги има дури 28!
На пример, гледаме снимки од Knives Out 2 на Рајан Џонсон, како и Proect Adam на Шон Ливи. Се чини дека не биле поштедени ниту буџетот, ниту познатите актери, а од овој сервис најавуваат подетални неделни соопштенија за распоредот во текот на целата година. Според трејлерот што можете да го погледнете подолу во текстот, Дефинитивно се чини дека ова ќе биде жанровски разновидна година за оваа услуга за стриминг.
Извор: Collider
