Новости

Шоубиз

Не го пробувајте ова дома: 10 екстремни диети кои некои актери ги преполовија

Нормално е актерите да се подготвуваат за улога во филм и да вложат дополнителен труд, но ова е повеќе експеримент во кој влогот е самиот живот. Вреди ли кариерата за ваков ризик? Еве кои се ктерите кои го достигнаа врвот во однос на слабеењето и гумењето на килограми, па дури го променија и нивниот физикус. А еве го и нивниот специјаен начин на исхрана, или дел од нивните екстремни диет кои не баш би ви го препорачале.

Хоакин Феникс – Џокер

За незаборавната улога на Хоакин Феникс во филмот „Џокер“ од 2019 година, актерот очигледно изгубил повеќе од 48 килограми. Тој ја практикувал диетата што вклучувала само аспарагус, зелена салата и јаболка. Хоакин во едно интервју зборуваше за задачата да ослабе за таа улога, велејќи дека тоа е „страшна диета“ во која се вклучува и менталната стабилност.

Ен Хатавеј – „Сиромашни луѓе“

За да ја игра улогата на Фантина која умира, Ен била на диета поради која изгубила 25 килограми. Таа за „Вог“ изјавила дека прво ослабела десет килограми за да почне да снима, а подоцна ослабела дополнителни 15 килограми јадејќи ништо друго освен две овесна каши на ден.

Крис Хемсворт – „Во срцето на морето“

За филмот „In the Heart of the Sea“ од 2015 година, Хемсворт мораше да биде послаб за да глуми како преживува бродолом на море. За три или четири недели тој морал да консумира 500-700 калории дневно. Актерот дури ја сподели својата фотографија на Твитер, пишувајќи: „Само што пробав нова програма за диет наречен „In the Heart of the Sea“. Не би ви го препорачал…“

Натали Портман – „Црниот лебед“

За улогата на балерина, веќе слабата Натали Портман наводно ослабела 20 килограми.  Актерката изјавила дека кога конечно завршиле со снимањето, се вратила на вообичаената исхрана.

Кристијан Бејл – „Исчезнување“

За улогата на лик со хронична несоница во филмот „The Machinist“, Кристијан Бејл наводно изгубил 28 килограми, што е една третина од неговата телесна тежина.

Бејл користел витамини, ограничувајќи ја својата исхрана на незасладено црно кафе и едно јаболко, или незасладено, црно кафе и конзервирана туна. Во интервју за списанието People во 2005 година, тој зборуваше за својата одлука да ослабне за филмски улоги. „Ќе се прилагодам на она што е потребно“, објасни тој, „но само ако сум прилично опседнат со улогата“.

50 Cent – „Сè се распаѓа“

За неговиот филм од 2012 година, „All Things Fall Apart“, раперот 50 Cent „падна“ од 97 килограми на 76 килограми за само девет недели.

Тој се префрлил на т.н. течна диета и почнал да трча на лента по три часа дневно. 50 Cent открил дека кога слабеењето почнало да му е тешко, истражувал други актери кои изгубиле тежина за филмски улоги. „Кога ми стана тешко, прашав да видам какво е нивното искуство“.

Метју Меконахи – „Добри дилери од Далас“

Метју Меконахи мораше да изгуби повеќе од 40 килограми поради улогата на ликот во филмот „Dallas Buyers Club“. Следела ригорозна рутина за вежбање која барала да согорува 1.800 калории дневно и луда диета каде јадел само риба и чаша зеленчук, две белки од јајца и парчиња пилешко, како и две диетални чаши кока кола со пудинг од тапиока, а интересно е што го јадел со мала античка лажица бидејќи така пудингот траел подолго.

Лили Џејмс – “Пепелашка”

Актерката наводно решила да продолжи да слабее за да застане во корсетот за улогата на Пепелашка. Но, нејзината цел не била само да ослабе, туку да се чувствува удобно на снимањето. „Кога корсетот беше на мене, бевме на континуирано снимање, за да не застануваме на ручек. Во тој случај не би можела да го одврзам корсетот со часови“, изјавила актерката.

Бијонсе – „Девојки од соништата“

За време на 14-дневниот пост, Бијонсе очигледно ослабела 20 килограми поради улогата во филмот „Dreamgirls“. Пејачката во интервју за Опра откри дека сака да ослабе и да направи физичка трансформација. „Беше тешко бидејќи ја сакам храната. Јас сакам да јадам. Постев 14 дена“, вели таа. „Сите околу мене јадеа крофни и слатки нешта. Бев мрзелива, но го направив тоа и изгубив тежина“.

Рене Зелвегер – Дневникот на Бриџит Џонс

Рене за нејзината улога мораше да се здебели речиси 10 килограми. После филмот ја изгубила тежината што ја добила, па дури и продолжила да слабее. Јавното преиспитување за нејзиното дебелеење ја повреди актерката. „Сфатив дека влијанието на живеењето во општество кое толку многу се фокусира на физичката состојба влијаеше на мене“, изјави Зелвегер за Vogue во 2013 година.

Евротип
SNBROKER
To Top