Новости

Шоубиз

„Не сум заинтересирана околу тоа“: 10 познати жени кои (повеќе) не сакаат брак

За брак некои жени сонуваат уште од мали нозе. Се замислуваат себе си во најубавите венчаници, а веќе ја имаат испланирано и свадбената церемонија и тоа веднаш штом станале свесни околу себе си и поимот брак. Но, постојат и такви кои никогаш немале некој позитивен однос кон таа заедница, институција. Тие немаат потреба од партнер, или немаат потреба да ги реализираат нивните врски, да имаат деца или пак постојат и такви кои навистина се обиделе да остварат семејство, но само изградиле лоши спомени. Брак или мрак?

Еве ги изјавите на 10 познати жени кои не сакаат брак и кои сметаат дека „соло“ животот е многу подобар.

1. Шарлиз Терон

„Бракот никогаш не ми бил важен. Не знам зошто е тоа. Она што го сакам е врска која ќе трае, а јас сум била во долги врски. Таква заедница сакам. Чинот на стапување во брак не е нешто што ми е важно, но разбирам зошто е важен за другите луѓе.“

2. Кристин Дејвис

Се сеќавам дека кога бев млада си мислев: ‚„Зошто сите овие жени се мажат?“ Дури и како девојка никогаш не реков „Еден ден сакам да се омажам“. Тоа не значи дека никогаш не би се омажила, но мислам дека не морам затоа што во спротивно ќе бидам несреќна. Не знам дали некогаш ќе се омажам. Целосно сум задоволна од мојот сингл статус“.

3. Ева Мендес

Мислам дека всушност е многу секси да се биде со некој на 50 и 60 години и да им кажуваш на другите дека е твое момче. Мислам дека зборовите маж и жена се многу несекси, изјави актерката Ева Мендес, која е во врска со Рајан Гослинг од 2011 година.

4. Наоми Вотс

Не пораснав сонувајќи за мојата свадба од бајките. Мајка ми се омажи два пати и се разведе два пати. И мојот партнер Лиев Шрајбер потекнува од слично семејство. Можеби еден ден ќе се разбудиме и ќе кажеме „Еј, ајде да го направиме тоа“. А можеби и нема. Јас и тој имаме семејство. Ние сме многу блиски и поврзани. Едноставно ја немаме таа писмена потврда, а тоа воопшто не ни пречи, изјави еднаш актерката Наоми Вотс. По раскинувањето со Лиев, Наоми се заљубила во Били Крудуп. Двојката е во врска од 2017 година, која не ја легализирале.

5. Мариса Томеи

Не сум голем љубител на институцијата брак и не знам зошто жените треба да имаат деца за да се доживуваат целосно. – Мариса Томеи

6. Опра Винфри

Да ја имав титулата сопруга, ќе имаше очекувања што е сопруга и што прави сопругата. Моето момче Стедман Греам ме запроси и јас на почетокот реков да. Но, излезе дека сакав да ме праша дали сакам да се омажам повеќе отколку што сакам да се омажам. Едноставно не чувствувам дека тоа е вистинската работа за мене.

7. Дајан Китон

Ме привлекуваат мажи и сакам да играм со нив. Но, да делиме заеднички живот? Тоа е друг свет. Мислам дека за такво нешто треба да се биде човек подготвен за компромиси и личност која е реална. Никогаш не би можела да го сторам тоа. Никогаш!

8. Кејли Коко

Би сакал да имам врска или партнерство, но повеќе нема да се мажам. Апсолутно не, тоа можете да го ставите на насловна. Верувам во љубов и имав неверојатни врски, но не сакам да се мажам. Има големи луѓе кои влегуваат и излегуваат од твојот живот и има причини за тоа. Не сакам да бидам сама, само си ги средувам приоритетите, изјави Кејли која зад себе има два брака.

9. Дру Баримор

Никогаш, никогаш, никогаш повеќе нема да се омажам! Јас сум од оние кои веруваат дека никогаш не треба да се каже,,никогаш”, но навистина се надевам дека во мојот случај ќе има едно големо НИКОГАШ!, изјави Дру за People.

10. Вупи Голдберг

Не, не ме интересира брак. Јас сум многу посреќна сама. Не сакам да го поминам животот сама, но исто така не сакам да го поминам животот само со една личност.

Евротип
SNBROKER
To Top