Новости

Шоубиз

„НИКОГАШ НЕ ЈА УДРИВ! “: Џони Деп сведочеше против неговата поранешна сопруга Амбер Херд

Светски познатиот актер Џони Деп вчера почна да сведочи во тужбата за клевета што ја поднесе против неговата поранешна сопруга Амбер Херд.

Во тричасовното сведочење, Џони Деп зборуваше за обидите на Херд за семејно насилство, неговата историја на злоупотреба и нивната врска.

Популарниот актер во сведочењето призна дека тој и неговата поранешна сопруга имале расправии за време на нивната врска, но сепак истакна дека никогаш не бил насилен кон неа:

-Никогаш не сум дошол до точка да ја удрам госпоѓа Херд на кој било начин, ниту пак сум удрил некоја жена во животот.

Деп и Амбер се запознааа на заедничко снимање на филм во 2009 година, се венчаа во 2015 година и потоа се разведоа, со меѓусебни обвинувања за лошо однесување.

-Беше внимателна, полна со љубов, паметна, љубезна, духовита, имаше разбирање. Имавме многу заеднички работи – изјави актерот додека го опишуваше нивниот заеднички живот на почетокот на врската.

Сепак, според него, работите почнале да се комплицираат, а еден момент бил клучен за да сфати дека нивниот брак е при крај.

– Работев многу и кога доаѓав од работа, таа ме местеше, ми даваше чаша вино и ми ги соблекуваше чизмите. Стана вообичаена работа, како рутина. Во една прилика кога се вратив дома таа зборуваше на телефон и јас се соблеков. Таа ми пријде и само ме праша „Што направи?“, а потоа ми одговори со „Си ги соблече чизмите“ – рече Џони и додаде:

– Таа беше видно вознемирена поради тоа, бидејќи и ја прекинав рутината. После тоа, за година, година и половина, таа стана сосема друга личност – рече тој и заклучи дека неговата цел на судењето била „да ја каже вистината“.

После тоа, Деп се осврна на бурниот живот кој го имал како дете и истакнал дека од 11-годишна возраст користел супстанци кои му ги давала мајка му.

– Го направив тоа за да ја избегнам хаотичната природа на она што го преживеавме. До 15 години пробав секакви дроги, но никогаш ништо не земав за забава. Тоа беше само-лекување – заклучи тој.

Евротип
SNBROKER
To Top