Нови мемоари на Ен Хеч ќе бидат објавени во јануари 2023 година

Ен Хеч, која загина во август како последица на сообраќајна несреќа, минатата година работеше на мемоари, а сега е најавено дека истите ќе излезат во јануари следната година.
Издавачката куќа Viva Editions/Simon & Schuster објави дека името на новите мемоари ќе биде Call Me Anne и дека е своевидно продолжение на нејзината популарна автобиографија Call Me Crazy од 2001 година. Книгата раскажува многу анегдоти од нејзиното детство до нејзината успешна кариера и е вистински увид во умот на покојната актерка.
Таа пишува за тоа како Харисон Форд станал еден вид ментор на снимањето, за историјата на сексуалната злоупотреба во детството, за односот со Бог и за патот кон самољубието, за средбата со Харви Вајнстин и за врската со Елен Деџенерис.
Во извадок од книгата, до кој дојде АП, актерката вели дека не се чувствувала ниту се идентификувала како лезбејка, туку едноставно се заљубила. Таа не можеше да најде зборови да ги опише своите чувства бидејќи се заљуби во личност, а не во нејзиниот пол, но сепак Холивуд ја обожаваше и нејзините бројни улоги ќе останат запаметени „втиснати“ на филмското платно.
