Новости

Шоубиз

Ноктот на Лејди Гага продаден за 12 000 долари, забот на Џон Ленон за 30 000 – најбизарните продажби и аукции во светот!

Во еден дел од САД, неодамна беше организирана аукција на работи и непта кои некога им припаѓале на легендарните музички ѕвезди. Најбарана е косата на фронтменот на групата Нирвана, Курт Кобејн, чија коса се продава за неверојатни 2000 евра. Почетната цена за шест влакна на косата од 1989 година е 2.072 евра.

Во понудите на аукциските куќи, славните предмети се продаваат за вртоглаво високи износи. Се продава сè, од облека, накит и гитари до коса и заби.

Поранешната девојка на Мик Џегер, манекенката Криси Шримптон, продала прамен од неговата коса за 6.000 долари, а парите биле собрани за британската хуманитарна фондација која им помага на луѓето со оштетено лице.

Покрај Џегер, исто така еден прамен од косата на Елвис Присли била продадена за скоро 15.000 УСД. На аукцијата беа вклучени и маицата што ја носел Елвис (продадена за 52.000 УСД), фотографии од неговата венчавка во 1967 година (6.000 УСД), Божиќни честитки и марамчиња што ги користел тој за време на настапот (732 УСД).

На аукцијата во Њујорк што се случила во 2012 година, ѓерданот „Ла Перегрина“ изработен од бисери, рубини и дијаманти од 16 век, кој покојната Елизабет Тејлор го доби на подарок од поранешниот сопруг Ричард Бартон, бил продаден за 11 милиони долари . Бартон го купил ѓерданот во 1969 година, а некогаш бил во сопственост на англиската кралица Мери.

Една од најбизарните работи некогаш продадени на аукција е секако забот на музичарот Џон Ленон. Забот го купи канадската стоматолог Мишел Зак за над 30 000 американски долари.

Полујадениот француски тост на Џастин Тимберлејк беше купен на аукција за нешто повеќе од илјада долари од голем обожавател на групата N’Sync во која тој пееше.

Црниот акрилен нокт на Лејди Гага, кој бил украсен со златна декорација, и паднал за време на концерт во Даблин и истиот бил продаден за цели 12.000 долари.

Евротип
Евротип
To Top