Новости

Шоубиз

Овации за Еми наградите кои пристигнаа во заслужни раце

,,The crown” која од своја страна е драма, заедно со комедијата ,,Ted Lasco” ги зедоа глвните телевизиски награди Еми. Освен нив ,,The Queen’s Gambit” ја освои титулата за најдобрата минисерија.

Со победата на хумористичната серија „Ted Lasso“, во првата лига на стриминг платформите влезе  „Apple TV+“, додека на „Netflix“, успехот и прогласувањето на најдобра драмска серија  „The Crown“, му ја донесе најголемата награда до сега.

До сега ниту „Netflix“ ниту „AppleTV+“ досега немале освоено нешто вакво и немаа стигнато до ваков пиедестален успех што ќе се памети.

За најдобри драмски актер е прогласен Џош О’Конер кој го толкува принцот Чарлс, а за најдобра драмска актерка е прогласена Оливија Колман која ја толку кралицата Елизабета во истоимената сага за британското кралско семејство.

Истоимената ,, The crown” донесе и други награди и тоа наградата за споредна улога на Џулијан Андерсон која ја играше улогата на Маргарет Тачер (поранешната британска премиерка), и уште една награда за приказната во сезоната што ја следи несреќната врска на принцезата Дијана и принцот Чарлс, која стигна до рацете на Тобијас Мензиес (како покојниот принц Филип).

Ѕвездата и кокреатор на комедијата „Ted Lasso“, Џејсон Судејкис е прогласен за најдобар актер, а Хана Вадингам и Брет Голдштајн се израдуваа со награда за најдобри споредни улоги.

Јуан Мекгрегор победи со улогата на модниот дизајнер во минисеријата „Halston“, додека во улога на проблематичната детективка во ограничената серија „Mare of Easttown“, Кејт Винслет е прогласена за најдобра актерка.

За најдобра актерка во комедија во ТВ серијата „Hacks“ која зборува за стенд-ап комичарка, беше прогласена Џин Смарт и актерката доби овации за оригиналноста и посебноста на маестралната улога.

Евротип
SNBROKER
To Top