Новости

Шоубиз

Овие трансформации на актерки во познати жени од историјата оставаат без зборови

Добро ни е познато дека шминката денес може да направи чуда во поглед на трансформацијата на ликот. Така се случува и со актерките кои на филмското полатно изгледаат воодушевувачки слично со некои од познатите низ историјата кои ги одиграле. Секако дека важен е и костимот и целикуониот изглед кој придонесува, но во секој случај најрелевантна улога игра градењето на она што е внатре во карактерот. Всушност токму тука е целата трансформација. Актерите поминуваат часови и денови проучувајќи ја целната замисла на режисерот, учејќи за животот и стилот на дамите. Зошто така се облекуваат, што ги натерало да го направат тоа, што им се случило за да станат она што биле. Безброј прашања, маестрални одговори преточени во филм.

Во секој случај, овие актерки заслужуваат громогласен аплауз поради фактот што успеале да оживеат заборавени приказни, а како тие изгледаа и кои се највоодушевувачки трансформации во секој поглед, особено во физичкиот изглед, погледнете во редовите што следат.

Ема Корин – Принцезата Дијана

Селма Хаек – Фрида Кало

Мерил Стрип – Маргарет Тачер

Хелен Мирен – Кралицата Елизабета

Мишел Вилијамс – Мерлин Монро

Мадона – Евита Перон

Марион Котијар – Едит Пјаф

Натали Потман – Џеки Кенеди

Евротип
SNBROKER
To Top