Новости

Шоубиз

Овој актер не би го препознале, а некогаш беше најплатената детска ѕвезда во филмската индустрија

Сите го знаеме како Џејк Харпер од познатата серија „Два и пол мажи“. Дете кое живее со својот татко и вујко и е дел од најзабавната хумористична серија на светот. Тогаш Ангус Џонс, кој денес има 28 години во 2012 година, реши да го напушти шоуто.

Тој целосно се одвои од тој дел од својот живот, а серијата која го прослави ја нарекува дури со погрдни зборови. Како што објасни, сето она што го промовираше не се совпаѓа со неговите религиозни принципи денес и ги повика своите верни фанови да не ја гледаат серијата.

„Глумев во таа серија, но сега не сакам повеќе да бидам дел од неа. Ве молам престанете да ја гледате и да ја полните главата со ѓубре. Да знаевте какви последици има тоа за вашиот мозок, верувајте веднаш би престанале да ја гледате“, изјави за странските медиуми познатиот актер кој денес изгледа непрепознатливо.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Angus Turner Jones (@ang_tj_)

Како што самиот кажа, се обидел да ја искористи својата слава за нешто поголемо, а тоа е да ги пренесе своите верски убедувања на своите обожаватели и да ги подготви за второто доаѓање на Исус Христос.

Имено, еден семеен пријател еднаш рекол дека младиот актер се приклучил на црквата затоа што не сакал да заврши како Чарли Шин. Пасторот Кристофер Хадсон од христијанското министерство „Forerunner Chronicles“ изјави за „Daily Mail“ дека не се обидел да го „испере мозокот“ на ѕвездата, како што се сомневала неговата мајка Кери.

На врвот на кариерата, Џонс со години беше најплатената детска телевизиска ѕвезда.

Иако денес се надева дека ќе се врати на актерството, тој сака тоа да се случи под одредени услови, имено само ако се е во склад со христијанските верувања.

Евротип
SNBROKER
To Top