Новости

Шоубиз

,,Омразовизија 2023″ – Се подготвува нов проект

Нашата претставничка не успеа да влезе во финалето на Евровизија 2022!

Притисоци, остри критики, осудувања беа реакциите околу Андреа Коевска после,, шокантниот” настан каде да потсетиме, пејачката… ,,несвесно” (како што вели таа во самодбрана) го фрли нашето знаме на подот за да се фотографира на тиркизниот тепих пред камерите кои сето тоа му го прикажаа на светот.

После скандалот, Коевска со брзина на светлината почна да ги губи гласовите и поддршката од својата публика.

Очигледно е дека по толку неуспешни обиди, би требало да се откажеме од таа чудна ,,институција” наречена Евровизија и едноставно да сфатиме, се соочиме дека не припаѓаме таму. Па сме биле назад… Можеби, но и тоа ,,напред” некако не ни се доапаѓа многу, нели?!

И да се вратиме на ,,нашата”. Девојката доживеа емотивен крах, да бидеме реални којзнае колку беше лошо да бидеш во нејзина кожа. Но, дали е виновна или не, не би дискутирале, затоа што вие многу добро си го знаете тоа и сега би рекле: ,,па си заслужи, која е таа, требаше да ја вратат дома! Аман и вие новинарите!”

Намерно или ненамерно, за нас сите заедно, е важно се што во никулецот содржи причина за жестоки дискусии во виртуелниот свет! Голема е причината, но големи се и клеветите. А исто толку големи и предомислувањата и немањето ставови. Еднаш сакаме, еднаш не! Еднаш одбиваме, нареден пат навиваме!

Би требало да има ,,Омразовизија”, па таму сигурно би победиле. Да не се сфатиме погрешно, не ја оправдуваме постапката, но нашето мислење си го оставаме за нас, ами во или вон контекстот, ја потенцираме омразата, клеветите, пцовките на социјалните мрежи. Очајно е што горе – долу, тоа се возрасни луѓе кои влегуваат во политички дискусии, расправии, нестручни квазиинтелегентни дебати и делби на мое и твое, на зборови, истории, градови… Цел тој ,,симпозиум” влегува во еден страшно очаен вртолом, самото зло. Со урнебесен црн хумор, и вештачко и вештерско кикотење, постојат моменти кога дури и се смееме на клеветите.

Но, вака ли не воспитуваа!? По милионити пат, што им кажуваме на нашите деца?

Говор на омраза или не, да се вратиме на Евровизијава, 22-годишната пејачка се претстави пред милионската публика, а дали нејзиниот музички настап заслужуваше повеќе поени или повеќе вложен труд за да биде одличен или спектакуларен, како што во некои од порталите најавуваат, тоа би требало да им го оставиме на музичарите, затоа што нели сите ниене сме образовани на тоа поле! Или сме?

За Евровизија пак, стварно… Не знам… Уффф… Далеку сме, но можеби и треба да сме!

Евротип
SNBROKER
To Top