Новости

Шоубиз

Оскаровецот Хоакин Феникс во ново извонредно филмско остварување

Студиото А24, кое стои зад наградуваните филмови како „Moonlight“, „Lady Bird“, „Uncut Gems“ и „Minari“, објави трејлер за својата нова драма „C’mon C’mon“. Тоа е трогателна филмска приказна за врската помеѓу чичкото и неговиот внук, напишана и режирана од Мајк Милс.

Главната улога во филмот му беше доверена на оскаровецот Хоакин Феникс. Неговиот лик е автор на документарни филмови, кој, за потребите на неговиот нов проект, интервјуира деца низ САД за ситуацијата во светот. За време на патувањата од Лос Анџелес до Њујорк, тој е придружуван од неговиот 8-годишен внук Џеси (Вуди Норман), со кого дотогаш немал многу блиски односи. Сепак, времето поминато заедно на патот ќе ги промени животите на двајцата.

Евротип
Евротип
To Top