Новости

Шоубиз

Очигледно денес староста доаѓа подоцна – прекрасната Наоми Кембел на 51 година на свет донесе девојче

Денес, се повеќе девојки и жени особено од светот на естрадата и популарните холивудски ѕвезди изгледаат совршено на возраст од над 50 години. Дали се работи за хирушки зафати многу пластични операции, не знаеме, но нивните години не се гледаат и ни од далеку не се препознаваат. Тој е случајот и со Наоми Кембел, која на 51 годишна возраст стана мајка.
Ова стана големо изненадување за сите нејзини обожаватели. Наоми на свет донесе здраво девојче во строга тајност, но на последниот пост на Инстаграм даде мал увид за среќата што ја доживува во моментов. Името на бебето сè уште не е познато, а се претпоставува и дека Наоми станала мајка и го добила своето бебенце преку сурогат мајка.

Но, фотографијата открива уште еден детал на раката, со кој заклучивме дека Наоми е сеуште е во болница, па тоа го става последниот заклучок под знак прашалник. Иако е во 6-та деценија од животот, оваа дама уште еднаш на сите нас ни ја потврди тезата дека сè е можно, особено ако се земе во предвид фактот дека таа сè уште е активна на модните писти. За потсетување, таа беше дел од модната ревија Фенди, каде беше претставена колекцијата за тековната сезона. Но, да се вратиме на сегашниот момент и вестите за раѓањето, кои собраа повеќе од 370 илјади лајкови за 2 часа.

„Ова мало суштество ме избра да бидам нејзина мајка, се чувствувам почестена што дојде во мојот живот како најголем благослов и нема зборови да ја опишам оваа нераскинлива врска со мојот ангел. Нема поголема љубов од оваа! “. – Вака Наоми се обиде да ги сумира своите емоции во неколку реченици и да го овековечи доаѓањето на новиот член на семејството.

Последните денови покрај неа е нејзината најголема поддршка, мајката Валери Морис-Кембел. Можеме само да се надеваме дека девојчето ќе наследи добри гени и ќе биде посебна, исто како и Наоми.

Евротип
SNBROKER
To Top