Новости

Шоубиз

Полицијата го претресила станот на Мерлин Менсон: Нашла соба за „палави девојки“

Полицијата го претресла станот на Мерлин Менсон: Нашла соба за „палави девојки“, се е како во „црн фрижидер“!

Музичарот бил обвинет за сексуална злоупотреба, а се дознало како изгледал станот во кој наводно ги нападнал девојките.

Нови информации за злоставувањето наводно извршено од музичарот Мерлин Менсон се појавуваат повторно и повторно, а светските медиуми ,,брмчат” дека инспекторите сега ја пребарале неговата вила во Западен Холивуд по серијата обвинувања за сексуално насилство.

Менсон не бил во куќата во моментот кога полицијата упаднала, а налогот за претрес им бил даден на властите од Лос Анџелес. Според извештајот по претресот, полицајците од вилата ги извадиле сите технички уреди со кои може да се снима некоја содржина, пишува New York Post.

Портпаролката на полицијата во Лос Анџелес изјави дека е запозната со извештајот од претресот, но не сака да открие никакви детали.

Да потсетиме, за да се дознае вистината за Мерилин Менсон, одржани се 55 интервјуа. Ролинг Стоунс неодамна го нарекоа „чудовиште што се крие пред сечиј нос“. Според нив, Менсон купил стан од музичар кој имал вградена стаклена звучно изолирана просторија во аголот на поголема просторија, која била наменета за електронска музика.

Менсон, чие вистинско име е Брајан Ворнер, е обвинет за сексуална и физичка злоупотреба на повеќе од 15 жени. Една од жртвите, неговата поранешна девојка Ешли Морган Смитлајн, го сподели своето искуство и го тужи Менсон за сексуална злоупотреба и тешка форма на лишување од слобода на движење.

– Прво ја опиша собата како „многу кул“, а подоцна ја опиша како крајно криминална. Јас викав, а тој уживаше. Научив да не се карам и да не сум гласна, за да не му пружам задоволство, само лебдев во мислите. И да врескав, никој немаше да чуе – рекла таа.

Менсон ја нарече собата „соба за палави девојки“, тврдат изворите.

Музичарот наводно имал многу темен стан, полн со црн мебел и порнографски фотографии на ѕидовите. Тој ја одржувал и температурата многу ниска, па една од поранешните девојки на станот му го дала името „црн фрижидер“.

Поранешниот асистент на Менсон тврди дека собата постои, но дека никогаш не видел некој заклучен внатре. Пејачот ги отфрла сите обвинувања и тврди дека сите негови сексуални односи биле „исклучиво консензуални“.

Евротип
SNBROKER
To Top