Новости

Шоубиз

Поради овој фустан Кери-Ен Мос беше во центарот на вниманието на премиерата на новиот „Матрикс“

Фустанот на Кери-Ен Мос беше во центарот на вниманието на премиерата на новиот „Матрикс“. Оној кој се потруди да биде главен и одговорен виновник за сите погледи да бидат свртени кон оваа актерка,е големото дизајнерско име на Оскар де ла Рента.

Американската премиера на ,,The Matrix: Resurrection”, се одржа на 18 декември во театарот Кастро во Сан Франциско. На црвениот тепих продефилираа Киану Ривс, Нил Патрик Харис, Џејда Пинкет Смит и други ѕвезди од овој филм. Најголемото внимание на премиерата сепак привлече нивната колешка Кери-Ен Мос, чиј оригинален фустан беше голем хит на вечерта.

 

Актерката која го толкува ликот на Тринити во тетралогијата ,,Матрикс”, имено, носеше фустан од модната куќа Оскар де ла Рента со препознатлив визуелен мотив од овој научно-фантастичен филмски серијал. Тоа е познатиот зелен ,,матрикс код” кој изгледа како некој вид на дигитален дожд и може да се види во многу сцени од овие филмови, како и нивните воведни и одјавувања. Овој ефект беше постигнат на фустанот Кери-Ен Мос со помош на зелени и сребрени светки, меѓу кои со зелени букви беше извезено името на брендот Оскар де ла Рента.

Сите присутни се согласија дека славната актерка изгледа одлично во фустан во грчки стил изработен од црн шифон, а јавноста особено се импресионира од нејзините шилести обетки со скапоцени камења, но и прстен во форма на куршум, уште еден препознатлив визуелен мотив од популарниот филмски серијал.

Извор: My Modern Met

Евротип
SNBROKER
To Top