Новости

Шоубиз

Поранешниот сопруг Кевин Федерлајн се изјасни за бременоста на Бритни Спирс

Додека Бритни Спирс на социјалните мрежи откри дека е бремена и дека по трет пат ќе биде мајка, добива честитки од фановите од целиот свет, а меѓу сите, се истакна и нејзиниот поранешен сопруг Кевин Федерлајн со кој Спирс беше од 2004 до 2007 година и заедно ги имаат синовите Шон (16) и Џејден (15). Тој за американските медиуми зборуваше преку адвокат и „и посака се најдобро на поранешната сопруга“.

„Тој ѝ посакува се најдобро, здрава бременост и им честита неа и на Сем Асгари додека заедно се подготвуваат за магијата на родителството“, рече тој.

Кевин Федерлајн еднаш откри дека Бритни го запросила по три месеци врска и „дека тој многу ја сакал“.

Животот со неа беше и прекрасен и чуден. Нема да зборувам за многу работи, но се ми беше ново – не морав да размислувам за ратата за кола, а знаевме да одиме во клуб и да изнајмувам маса за 15.000 долари. Ме болеше кога го доби старателството по разводот, но јас ја сакав.”

Набргу по разводот, Кевин, сред приказните дека Бритни има „ментални проблеми“, го доби целосно старателството над синовите, а тие и денес живеат со него. Федерлајн, покрај Шон и Џејден со поранешните девојки и уште една сопруга, има уште четири деца.

Евротип
SNBROKER
To Top