Новости

Шоубиз

Последното писмо на Џон Ленон продадено за 64.000 долари

Последното писмо на Џон Ленон, напишано неколку часа пред неговата трагична смрт во Њујорк на 8 декември 1980 година, е продадено на аукција за речиси 64.000 долари.

Се верува дека ова писмо е последниот документ со потпис на Ленон, објави TMZ.

Изворот наведува дека ова писмо го напишал Ленон до неговиот сметководител Бери Николс. Писмото се очекуваше да се продаде за сума помеѓу 30.000 и 50.000 долари.

Во него се наведени имињата на трите полномошници кои пејачот одлучил да ги поддржи на годишниот состанок на корпорацијата Битлси, кој се очекуваше да се одржи подоцна истиот месец.

Името на купувачот кој победи на наддавањето за писмото на 17-дневната онлајн аукција на куќата „Gotta Have rock and roll“ не е објавено.

Ленон беше убиен од Марк Чепмен на улица во Њујорк на 8 декември 1980 година.

Извор

Евротип
SNBROKER
To Top