Новости

Шоубиз

Починал познатиот актер Вилијам Харт

Американскиот актер Вилијам Харт починал денеска на 71-годишна возраст.
„Со голема тага ја информираме јавноста дека Вилијам Харт, саканиот татко и добитник на Оскар, почина само една недела пред неговиот 72-ри роденден. Почина мирно, со природна смрт, опкружен со своето семејство. Неговите најблиски се молат за приватност во овој момент“, напишал синот на Харт, Вил.

Харт беше номиниран за Оскар три пати во средината на 1980-тите: „Kiss of the Spider Woman” (1985), „Children of a Lesser God” (1986 и „Broadcast News“ (1987).

Тој беше награден со Златна статуа за улогата во филмот „Бакнеж на жената пајак“.

Харт беше активен и како театарски актер во текот на 1980-тите, а првата номинација за Тони ја доби во 1985. година за „Hurlyburly“, продукција на Бродвеј.

Евротип
SNBROKER
To Top