Новости

Шоубиз

Почина актерката Пет Керол, гласот на Урсула од „Малата сирена“.

Американската актерка Пет Керол, најпозната по гласот на Урсула во анимираниот хит на Дизни „Малата сирена“, почина на 95-годишна возраст.

Керол почина во својот дом во саботата, на 30 август, од компликации од пневмонија, изјави нејзината ќерка Кери Катсијан за The Hollywood Reporter.

Керол во текот на нејзината богата кариера, има освоено Греми и Еми награди.

Подоцна во нејзината кариера, таа го позајмуваше гласот на ликовите во анимираните филмови, а најпозната е по улогата на морската вештерка Урсула во хитот на Дизни „Малата сирена“.

Евротип
SNBROKER
To Top