Новости

Шоубиз

Почина Берта од серијата „Два и пол мажи“

Актерката Кончата Ферел, најпозната по улогата на помошничката Берта во серијата „Два и пол мажи“, почина на 78-годишна возраст.

Како што јавува „Deadline“, таа починала вчера поради компликации кои настапиле по застојот на срцето кој го претрпела.

Зајадливата Берта во ситкомот на „CBS“ беше еден од омилените ликови на гледачите, а од неа на социјалните мрежи се опрости и долгогодишниот главен актер Чарли Шин.

https://twitter.com/charliesheen/status/1316117418876579841?ref_src=twsrc%5Etfw%7Ctwcamp%5Etweetembed%7Ctwterm%5E1316117418876579841%7Ctwgr%5Eshare_3&ref_url=https%3A%2F%2Ftocka.com.mk%2Fadmin%2Fnews%2F356471%2Fedit

„Таа беше апсолутно мила, вистинска професионалка и искрена пријателка, а ова е шокантна и болна загуба. Берта, твоето грижење за домот беше дискутабилно, но твоето грижење за луѓето беше совршено“, напишал Шин на Твитер.

Како што пишуваат странските медиуми, Кончата починала опкружена со членовите на своето семејство во болницата Шерман Оукс во истоимениот округ. Таа од 1986 година била во брак со Арни Арденсон со кој ја има 38-годишната ќерка Саманта.

Нејзините здравствени проблеми започнале во мај, кога завршила во болница поради инфекција. По неколку дена доживеала застој на срцето поради што била 4 недели на интензивна нега. Во јули била преместена на оддел за долготрајна нега.

Ферел беше 3 пати номинирана за наградата „Еми“.

GOLD
To Top