Новости

Шоубиз

Почина Лесли Џордан, актерот од хит серијата „Вил и Грејс“

Лесли Џордан беше омилен актер за милионска публика и неговата смрт ги растажи и потполно скрши обожоваталите.

Како што пренесуваат странските медиуми, ѕвездата од хит серијата „Вил и Грејс“ загина во сообраќајна несреќа откако во понеделникот наутро со своето БМВ удрил во ѕид од зграда во Лос Анџелес. Медиумите пишуваат и дека се верува дека на актерот му се слошило додека возел, по што изгубил контрола над возилото.

Да потсетиме дека Џордан стекна телевизиска слава во 1990-тите со улогите во телевизиските комедии како „Hearts Fire“ и „Murphy Brown“. Последниот ангажман го имаше во серијата на Фокс „Call Me Kat“.

Во последниве години, Џордан стана попопуларен од кога било откако се појави во „Американска хорор приказна“. Тој собра и повеќе од 5,8 милиони следбеници на својот Инстаграм профил, каде на свој препознатлив начин раскажуваше смешни приказни за Холивуд.

Во продолженое слушнете ја песната што актерот ја пее во едно од последноте негови видеа.

Евротип
SNBROKER
To Top