Новости

Шоубиз

Почина холивудската актерката Анџела Лансбери

Згасна животот на 97-годишната позната филмска, сценска и телевизиска актерка, Анџела  Ленсбери

Веста за нејзината смрт ја соопшти нејзиното семејство, пренесе NBC.

„Децата на Анџела Лансбери со тага објавуваат дека нивната мајка починала мирно во сон во нејзиниот дом во Лос Анџелес во вторник, 11 октомври, само пет дена пред нејзиниот 97-ми роденден“, се вели во соопштението на семејството. NBC.

Актерката родена во Лондон го привлече светското внимание со неверојатниот тален, харизма и пред се необичниот и милозвучен глас кој се најде во многу анимирани филмови. Таа освои многу престижни холивудски награди, а ќе ја паметеме како актерка, немуорна во својата работа.

Ленсбери ја однесе својата пејачка вештина од Бродвеј на големото платно во анимираниот филм Убавицата и ѕверот, каде и го позајми гласот на г-ѓа Чајпот. Исто така се појави и во анимираниот филм,, Анастасија” и многу други.

Пред шест години, на 25-годишнината од филмот ,,Убавицата и ѕверот” , таа ја отпеа насловната песна.

Актерката веќе имаше долга и успешна кариера кога ја прифати улогата што повеќето Американци најмногу ја паметат – писателката за криминал Џесика Флечер во серијата Убиство.

Серијата се емитуваше 12 сезони, од 1984 до 1996 година.

Евротип
SNBROKER
To Top