Новости

Шоубиз

Почина џез легендата Ал Жеро

Џез пејачот и седумкратен добитник на наградата Греми, Ал Џаро почина во Лос Анџелес на 76 години, соопшти неговиот публицист.

Ал Џаро (Al Jarreau) претходно бил хоспитализиран поради исцрпеност, но причината за смртта се уште не е позната, јави Би-Би-СИ.

Тој еден месец порано соопшти дека нема повеќе да оди на турнеи, после повеќе од 50 години.

Џаро кариерата ја почна во џез жанрот, а потоа во поп и блуз ритамот.

Тој беше награден со Греми за сите три жанрови.

GOLD
To Top