Новости

Шоубиз

По шест години пауза, Ријана најавува нова песна

„Lift Me Up“ е насловот на новта песна на Ријана, чија промоција ќе се случи овој Петок. Ова го потврди синоќа самата пејачка на социјалните мрежи.

Иналу, музичката ѕвезда, после речиси седум години пауза објавува нова песна.

Таа објави клип од 14 секунди на своите профили на социјалните мрежи, откривајќи големо „R“ – стилизирано во истиот фонт како трејлерите и промотивните фотографии за филмот „Black Panther: Wakanda Forever“ – помеѓу нејзиното име и насловот на песната .

Може да се слушне и краток клип од песната – напишана како почит на починатата ѕвезда на „Црниот Пантер“, Чедвик Босеман, кој почина во 2020 година, кој се состои првенствено од потпевнувачки вокали и придружба на гитара. Видеото завршува со датумот „28.10.22“, што го потврдува датумот на објавување на песната.

Текстот го напишаа Ријана, пејачот Темс, шведскиот композитор Лудвиг Горансон и режисерот на „Црниот Пантер“ Рајан Куглер. Песната е снимена во пет земји и продуцирана од Горансон.

Евротип
SNBROKER
To Top