Пристигна првиот тизер за „Пинокио“ на Гиљермо дел Торо

По разни проблеми и долго време од првичната најава, се чини дека долгоочекуваниот анимиран филм Пинокио на режисерот Гиљермо дел Торо конечно ќе ја види светлината на денот, а како потврда за тоа пристигна и првиот краток тизер.
Овој филм, направен со техника на стоп-моушн (кадар по кадар), е сместен во Италија во текот на 1930-тите, за време на фашистичкото владеење на Бенито Мусолини. Претставува нова варијанта на познатата приказна за дрвената кукла која станува вистинско момче. Но, Пинокио брзо станува лош, што ќе го доведе во конфликт со Џепето, кој е свесен дека не е најубавото момче на светот.
Филмот очекува да ја знаете барем грубата приказна, но сигурно ќе има нови детали кои ќе ги каже нараторот – штурецот, што го гледаме во првиот тизер. Иако тој не се појавува во многу сцени, за првпат го гледаме конкретниот визуелен идентитет на филмот и чувствуваме барем дел од атмосферата што не очекува. Бидејќи Дел Торо е познат по своите мрачни фантастични елементи, останува да видиме како ќе ги вклопи деталите од оригиналната приказна и историскиот контекст во неговиот препознатлив стил.
Тој е ко-режиран од Марк Густафсон, а косценарист е со Патрик Мекхејл. Гласовите ги позајмуваат Грегори Ман, Дејвид Бредли, Хуан Мек Грегор, Тилда Свинтон, Кристоф Валц, Фин Волфхард, Кејт Бланшет, Џон Тортуро, Рон Перлман, Тим Блејк Нелсон и Берн Горман. Сè уште не е познат датумот на премиерата, но се очекува филмот да биде достапен на Нетфликс во ноември оваа година. Во продолжение погледнете го тризерот на новиот „Пинокио“.
Извор на насловна фотографија: Collider
Извор: The Verge
