Новости

Шоубиз

„Сакам да им се заблагодарам на оние што ми го скршија срцето“- Џенифер Лопез плачеше на сцена

Џенифер Лопез синоќа ја доби наградата Generation и наградата за најдобра песна на MTV наградите.

Лопез се појави во црн кожен горен дел и долго здолниште и уште еднаш покажа совршена линија. Меѓу другото, мегапопуларната ѕвезда,  одржа емотивен говор на сцената и пролеа солзи.

„Сакам да им се заблагодарам на сите луѓе кои ми го дадоа овој живот. Сакам да им се заблагодарам на луѓето кои ми дадоа радост и на оние кои ми го скршија срцето. На оние кои ја кажаа вистината и на оние кои ме лажеа. Сакам да се заблагодарам на вистинската љубов и на начинот на кој се лажев себеси, бидејќи така знаев дека морам да пораснам“.

Пејачката се заблагодари и за разочарувањето и неуспехот кој, како што рече, ја научил да биде силна, се заблагодарила и на своите деца кои ја научиле да сака.

„Сакам да им се заблагодарам на сите луѓе кои ми кажаа лично или кога не бев во собата дека не можам да го сторам тоа. Навистина мислам дека не би можела да направам ништо без нив. И навистина мислам дека не би можела без обожавателите кои ги гледаа моите филмови. Вие сте причината поради која сум тука и сум била тука, ве сакам“, рече пејачката и актерка на крајот од обраќањето.

Евротип
SNBROKER
To Top