Новости

Шоубиз

Салма Хајек со отворен став за мајчинството и менопаузата на жените!

Искреноста и отвореноста, кои ја карактеризираат на социјалните мрежи, каде не се двоуми да покаже како изгледа без шминка и со седа коса, како и искреното и природно однесување и појавување и на јавните настапи, ја направија Сaлма Хајек една од омилените sвезди.

Оваа 54-годишна дама секогаш е отворена да зборува за теми кои сè уште се табу во општеството, а тоа е она што всушност фановите и широката публика го цени и препознава. Денес, ќе погледнеме назад на нејзиното неодамнешно интервју, во кое таа ги кажува на глас или ги оркеива латентните актуелни размислувања за женските проблеми.

Во интервју за магазинот ,,TheTimes Life & Style”, актерката се осврна на мајчинството и менопаузата, со цел да ги разбие митовите што ги ,,преработивме” за нив. Според нејзиното мислење, луѓето прават грешки кога мислат дека со влегувањето во менопауза, жената ја губи својата привлечност. Исто така, и пречи вкоренетиот став за возраста на која жените треба да се реализираат како мајки.

Кога станува збор за нејзиното искуство и причините за раѓање дете на 40-годишна возраст, Селма Хајек откри дека тоа бил вистинскиот момент за неа. Дотогаш, таа постигна многу успех во својата кариера, па можеше да и се посвети на новата улога исто како што замислуваше и навистина уживаше.

На крајот, таа го изрази својот став дека и покрај напредокот, многу дами сè уште чувствуваат притисок кога станува збор за моментот на одлука кога да се стане мајка и избрзуваат правејќи го тоа во погрешно време!

Според неа, жената е онаа кога одлучува да биде подготвена да се реализира како родител, а не луѓето околу неа! И не, не постои фразата:,,Никогаш нема да бидеш подготвена! Затоа не чекај!” Всушност, според актерката, треба да се прави сосема спротивното и да се слуша внатрешниот глас и инстинкт.

Евротип
SNBROKER
To Top