Новости

Шоубиз

Сандра Булок во необично модно издание на промоцијата на својот нов филм „Изгубениот град“,

Сандра Булок моментално го промовира својот нов филм „Изгубениот град“, авантуристичка комедија со Ченинг Тејтум, Даниел Редклиф и Пети Харисон во главните улоги. Булок ја игра љубовната романсиерка Лорета Сејџ, чии романи го прикажуваат згодниот модел Алан (Ченинг Тејтум).

 

Кога Лорета е киднапирана од милијардерот Ферфакс (Даниел Редклиф) со надеж дека ќе го најде богатството што Сејџ го спомнува во неговата последна книга, Алан сака да докаже дека не е само мускулесто парче и оди во џунглата да ја најде и спаси. Меѓу другото, и Бред Пит се појавува во филмот.

 

Во Њујорк се одржа специјална проекција на новата авантуристичка комедија, а главна ѕвезда на црвениот тепих секако беше Сандра Булок. Актерката носеше интересен фустан со потписот на италијанската дизајнерка Стела Жан од колекцијата есен/зима 2021 година.

Фустанот е во миди должина и е украсен со предимензиониран принт во сина, розова, бела и црвена боја и светкави штрасови, а принтот е направен како ефект на опаѓање на бојата која како да капи.
Подеднакво атрактивни се и чевлите кои Сандра ги избра, а тоа се чизми од светкав материјал во бакарна боја. Чизмите се со висока тенка потпетица.

Евротип
SNBROKER
To Top