Новости

Шоубиз

Сандра Булоок и Ченинг Тејтум се ѕвездите на авантуристичката комедија „Изгубен град“

,,Изгубениот град” (The lost city), ќе ја израдува онаа публика што најповеќе ужива во авантуристички филмови. Овој филм е токму таков, а во себе содржи и елементи на романтична комедија, чија премиера ќе биде на 24 март следната година.

Во филмот, Сандра Булок ја игра Лорета Сејџ, прославена авторка на љубовни романи кои се одвиваат на егзотични локации. На корицата на сите нејзини книги е манекенот Адам (Ченинг Тејтум), кој ја претставува Деша, главниот лик од популарните романи на Лорета.

На промотивната турнеја за нејзината нова книга, Лорета е киднапирана од ексцентричен милијардер кој верува дека може да му помогне да ги врати богатствата од античкиот град опишан во нејзиниот роман. Алан, кој сака да докаже дека не е само згодна убавица од корицата, решава да се обиде да ја спаси и така започнува нивната заедничка авантура во џунглата.

Изгубениот град беше режиран од Арон и Адам Ни врз основа на сценариото што тие го напишаа заедно со Дејна Фокс и Орен Узил. Споредни улоги во филмот ги имаат Даниел Редклиф, Пети Харисон, Оскар Нуњез и Бред Пит.

Евротип
SNBROKER
To Top