Новости

Шоубиз

Сара Џесика Паркер во театарска комедија на големата сцена во Бродвеј

Со текот на годините се откри дека пријателството меѓу четирите омилени хероини во мегапопуларната серија „Сексот и градот“ од 90-тите, било само за потребите на сценариото.

Откако започна снимањето на продолжението „And Just Like That“, несогласувањата стануваат се поочигледни – Ким Катрал во улогата на Саманта Џонс всушност рече големо „не“, бидејќи не сакала да го сподели кадарот и да поминува време со поранешните колеги.

Потоа следеше сексуалниот скандал во кој беше вмешан Крис Нот, чии последни сцени од првата сезона на серијата And Just Like That беа елиминирани, со што беше избришан еден од најпознатите иконски и омилени ликови од целата серија – Ѕверка. Сара Џесика Паркер веднаш се оградија од обвинувањата за аферата, исто како и Кристин Дејвис и Синтија Никсон.

Накратко, за неколку години, се руши целата таа замислена магија и идеја за семејство што си ја имавме во главите за серијата. Но, повеќето актери останаа обединети и ќе бидат дел од мини собир по повод дебито на Сара Џесика Паркер, која ќе се појави на сцената на Бродвеј на 28 март со нејзиниот сопруг Метју Бродерик за да глуми во комедија.

„Тие велат дека времето ги лекува сите рани, но со Сара и Ким ги влоши работите“, изјави извор за Радар онлајн. „Ќе бидат поканети Синтија Никсон, Кристин Дејвис, Сара Рамирез, Никол Ари Паркер, Марио Кантоне и речиси сите други членови на серијата, но не и Ким Катрал и Крис Нот“, продолжи инсајдерот, откривајќи дека наведените колеги ќе бидат со Сара во толку важен момент во нејзината кариера.

Ако одлуката да се изостави Ким Катрал од списокот на гости е логичен редослед на настани, истото не може да се каже и за Крис Нот, со кој 56-годишната актерка отсекогаш имала одлични односи. „Фактот што не го покани му го скрши срцето“, продолжи изворот, „она што се случи со Крис и нивната врска е сложено. Можеби времето ќе го направи своето, но вечерта на премиерата не е вистинското време за средба.

Евротип
SNBROKER
To Top