Новости

Шоубиз

СЕ БОРЕШЕ СО АНОРЕКСИЈА, А ДЕНЕС Е НАЈСЕКСАПИЛНАТА ИТАЛИЈАНСКА АКТЕРКА – Поубава и од Моника Белучи

Моника можеби е ненадмината, но Матилда поставува нови правила.

Се сеќавате на убавата Италијанка од серијата „The Undoing со Никол Кидман и Хју Грант? За многумина таа беше единствената причина да го гледаат разводнетиот хит на HBO.

На многу листи на интернет и списанија во Италија, Матилда де Анџелис беше прогласена за најубава и најсексипилна млада актерка во таа земја. Доаѓаат нови генерации и иако природната убавина и шарм на Моника Белучи веројатно ќе влезе во филмските енциклопедии, поимот убавина се менува, а убавата Матилда тоа одлично го покажува.

И покрај светското внимание кое го добива во последните неколку години, таа отворено зборува за својата борба со анорексијата. Дефинитивно изгледа супер самоуверено пред камерата, но што се крие зад неа?

„За мене анорексијата беше начинот на кој се гледам себе си. Тоа беше драстичен начин да се каже – овде сум, погледнете ме“, изјави таа во едно интервју.

Матилда пораснала во мало село во близина на Болоња, каде што тешко можела да го привлече тоа внимание.

„Кога имаш 16 години, сè е многу драматично, односот со твоите родители или со дечко што ти се допаѓа. Многу лесно ризикувате и не се прифаќате себе си. За мене анорексијата беше начинот на кој се гледам, сакав да го променам мојот изглед и беше страшно, а така можеш да се чувствуваш цел живот. „Никогаш не си во мир со себе“, објасни таа.

Таа денес се труди да се прифати што подобро и се труди да го хуманизира своето тело фотографирајќи ги неговите несовршености.

„Денес се обидувам да ја покажам мојата човечка страна, особено на социјалните мрежи, каде ги ставам моите слики со мозолчиња и стрии“, вели Матилда.

На една од фотографиите од Инстаграм се гледа нејзиното лице со акни, а до неа стои опис: „Мозолчињата се секси, целулитот е секси, стомакот е секси, се е секси“.

Инаку, Матилда деновиве е среќно вљубена, а италијанските медиуми неа и нејзиното ново момче, актерот Пјетро Кастелито ги прогласија за еден од најубавите парови на јавната сцена.

Евротип
SNBROKER
To Top