Новости

Шоубиз

Се подготвува „темпирана бомба“ за кралското семејство – Наскоро излегуваат мемоарите на принцот Хари

Принцот Хари пред извесно време најави објавување на своите мемоари на крајот на 2022 година, иако точниот датум не беше наведен. Меѓутоа, со оглед на фактот дека кралицата Елизабета Втора почина на 8 септември оваа година, многумина се прашуваа дали војводата од Сасекс ќе се држи до својот првичен план и ќе ги објави своите мемоари до крајот на годината.

Според Page Six, објавувањето на мемоарите на принцот Хари, првично планирани за ноември, е одложено за следната година. Причината за тоа, според некои извори, е желбата на авторот да ублажи одредени делови кои се однесуваат на неговиот татко, кралот Чарлс III и неговата сопруга Камила, како и да отстрани одредени детали за неговиот брат, принцот Вилијам и неговата сопруга Кејт.

Од друга страна, Том Бауер, автор на книгата Revenge: Meghan, Harry and the War Between the Windsors, смета дека тоа не е така. „Мислам дека сите знаат дека не можат да ја променат книгата“, изјави тој во оваа прилика за Page Six. Тој смета дека Хари нема да ја омекне, туку евентуално само дополнително да ја „зачини“ книгата, бидејќи во спротивно нема да има никаква продажба.

Според кралскиот биограф, книгата би можела да биде објавена околу Велигден и „ќе вклучува поглавје за погребот на кралицата“. Дополнително, тој наведува дека ќе има многу материјали за тоа како принцот Хари и неговото семејство се исклучени од сите важни настани, а соодветно на тоа и многу навреди на сметка на самото кралско семејство. „Значи, мислам дека доцнењето, во таа смисла, само ќе додаде дополнителна доза на горчина и одмаздољубивост на содржината на самиот мемоар. Бауер, исто така, рече дека британското кралско семејство е „крајно нервозно“ поради објавувањето на книгата на Хари, за која веруваат дека ќе биде вистинска „темпирана бомба“.

Според списанието Page Six, Чарлс III го чека развојот на плановите за тоа кога принцот Хари и Меган Маркл на своите деца, Арчи (3) и Лилибет (1) ќе им ја дадат титулата принц и принцеза.

Евротип
SNBROKER
To Top