Новости

Шоубиз

Се сеќавате ли на Тајчи? Еве што се случува со неа сега

Таа ја претставуваше Југославија на Евровизија во 1990 година со нејзиниот најголем хит

Мислам дека нема некој кој не ја знае песната „Hajde da ludujemo”. Сите генерации, па дури и денешниве знаат да се расположат со оваа музичка нумера што беше голем хит во Југославија. Името или пејачката што стои зад неа е пејачката позната како Тајчи која во 1990 година се претстави на Евровизија. Што се случва со оваа жена сега?

Тајчи после војната замина во Америка на школување, а таму ја запозна љубовта на својот живот, пијанистот и композитор Метју Камерон.

Нејзиниот сопруг почина пред три години.

Минатата година Тајчи одлучи да напише автобиографија, а во неа меѓу другото, откри сè низ што поминала кога била голема sвезда на југословенските простори што се случувало кон крајот на осумдесеттите и раните деведесетти, а исто така ја опишува и депресијата, животни проблеми, но и за тоа како надминала сè. Била силувана пред да стани позната и освен тоа била многу исмејувана.

Тајчи ја одби музичката кариера на нашите простори и ,,избега” од тоа што сите ја гледаа како ,,секс симбол”, велејќи дека тоа воопшто не било живот за неа. Сега, таа живее во Америка со своите три сина, ја продолжи музичката кариера и сеуште изгледа фантастично, иако влезе во шестата деценија од животот.

Евротип
Евротип
To Top