Новости

Шоубиз

Се снима продолжението на Бетмен – Роберт Патисон повторно во главна улога

Филмот „Бетмен“ со Роберт Патисон во насловната улога ќе добие свое продолжение, потврдија од студиото Warner Brothers.

Новата приказна за маскираниот одмаздник беше објавена на настанот CinemaCon кој моментално се одржува во Лас Вегас, а Мет Ривс откри дека повторно му се доверени сценариото и режијата.

Премиерата на последниот „Бетмен“ беше на почетокот на март, а филмот заработи дури 134 милиони долари во САД во текот на првиот викенд од прикажувањето, што е сепак најуспешен почеток за 2022 година.

Тој досега има собрано 759 милиони долари и филмот е најдобриот филм досега оваа година, пишува Variety.

Оваа година, Warner Bros реши да им даде шанса на неговите достигнувања во кината, пред да ги прикаже на стриминг сервисите, откако истовремено прикажуваше нови филмови на HBO Max во текот на 2021 година.

Во својата визија за Бетмен, Мет Ривс ни ги покажа своите почетоци како „најдобриот детектив на светот“, додека го следеше манијачниот убиец на Ридлер (The Riddler, вистинско име Едвард Нештон), кој го игра Пол Дејно.

Жената мачка (Селина Кајл) ја игра Зои Кравиц, Енди Серкис е батлерот на Бетмен Алфред Пениворт, Колин Фарел е озлогласениот пингвин (Освалд Коблпот), а Џон Туртуро е исто така генијалец како шефот на мафијата Кармин Фалконе, а Џефри Рајт ја игра улогата на началникот на полицијата Џејмс Гордон.

И на критичарите им се допадна оваа верзија на суперхеројот, па филмот има одлична оценка, а што ќе се случува со продолжението останува да видиме.

Евротип
SNBROKER
To Top