Новости

Шоубиз

Скандал после финалето на Евровизија – победникот прашан дали шмркал кокаин додека ги чека резултатите

Оваа година, Италија победи на Евровизија, претставена од групата „Манескин“. Но и оваа година не помина без скандал, само што сега се случи после завршувањето. Веднаш после прогласувањето на победникот, по социјалните мрежи излезе видео како наводно Дамијан, фронтменот на групата „Манескин“ шмрка кокаин.

На победничката прес-конференција, шведски новинар го праша Дамијан дали користел кокаин на „Евровизија“, а одговорот на Дамијан беше дека тој не користел дрога.

За да не се шират гласини на својот официјален Инстграм профил од групата дадоа објаснување.

-Навистина сме шокирани што некои луѓе велат дека Дамијан користел дрога. Ние сме против дрога и никогаш не сме користеле кокаин. Подготвени сме да бидеме тестирани затоа што немаме што да криеме. Тука сме да ја претставиме нашата музика и среќни сме што ја однесовме победата на Евровизија. Сакаме да им се заблагодариме на сите што не поддржаа. Рокенролот никогаш нема да умре. Ве сакаме”, се вели во постот.

Евротип
SNBROKER
To Top