Новости

Шоубиз

Сликата на Мона Лиза гаѓана со торта!

Маж преправен во постара жена фрли торта на сликата на Мона Лиза во музејот Лувр во Париз, но непроценливо уметничко дело го спаси заштитното стакло од вандалски чин.

На видеото кое стана вирално на интернет за време на викендот се гледа извалкано стакло пред Џоконда, а сторителот е маж кој претходно седел во инвалидска количка и носел перика.

Работниците од обезбедувањето веднаш го извадиле човекот од собата, додека останатите присутни продолжиле да го фотографираат стаклото.

Интересно, ова не е прв напад на една од највредните слики на Леонардо да Винчи.

Во 1950-тите, маж ја гаѓал со сулфурна киселина, а студент од Боливија ја гаѓал со камења.

Делото, кое било создадено помеѓу 1503 и 1519 година, дури било украдено во една прилика во 1911 година, а било пронајдено само три години подоцна.

Евротип
SNBROKER
To Top