Новости

Шоубиз

Спектакуларно видео открива кој ќе настапи на полувремето на претстојниот Супербол

Финалниот натпревар од плејофот на американската фудбалска лига NFL, популарниот Супер Боул, ќе се одржи на 13 февруари на стадионот „СоФи“ во Лос Анџелес. Како и секоја година, така и во 2022 година, публиката ќе може да ужива во настапот на познати музички изведувачи на полувремето од оваа игра.

Бидејќи финалето се игра во Калифорнија, изборот овојпат падна на музичките ѕвезди од оваа американска држава, но и нивните соработници од другите делови на САД. Еден вид хип хоп суперхеројски тим е предводен од познатиот рапер и продуцент Др. Дре, а на сцената ќе го придружуваат раперите Снуп Дог, Еминем и Кендрик Ламар, како и пејачката Мери Џеј Блајџ.

Погледнете го спектакуларното видеокое ги најавува овие нстапувачи и ја интригира љубопитната публика која очекува уште еден спектакл кој долго ќе се памети.

 

Евротип
SNBROKER
To Top