Новости

Шоубиз

Среќна вест за обожавателите на хит серијата „Пријатели“ – снимањето конечно започнува

Конечно започна снимањето на хит серијата „Пријатели“. Иако првото снимање на ова хумористично шоу, се одвиваше во периодот од 1994 до 2004, тоа сеуште е најпосетуваната серија на Нетфликс.

Како што вели Фиби од пријатели или актерката Лиса Кидру, проектот се прекинува и не е континуирано поради пандемијата, а таа изјави дека веќе има снимено неколку сцени за време на пред- продукцијата. Инаку официјалното снимање започнува подоцна.

Марта Кауфман, креаторот на серијата, изјави дека снимањето ќе се случи од средината на Август дококу ситуацијата со пандемијата е под контрола и не настапи некој нов бран.

Старите обожаватели на ова урнебесно шоу, повторно на екраните со нетрпение ги очекуваат омилените ликови од нивната младост, а додека пак новата помлада публика од ново се вљубува во нив. Едноставно „Пријатели“ е нешто што веројатно ќе продолжи да ги поврзува сите генерации, веројатно затоа што сите имаме нешто заедничко и исто. А тоа е нешто што се вика „пријателство“.

 

GOLD
To Top