Новости

Шоубиз

СТИНГ ВО САРАЕВО во организација на Авалон

Авалон Продукција го најавува својот прв календарски проект во 2022 година. СТИНГ- артист од А листата на светски музички изведувачи, ќе одржи концерт во Сараево во олимписката сала „Зетра“, на 19-ти март (сабота) во 20 часот.

Концертот ќе биде во рамки на неговата „My Songs“ турнеја, која беше прекината од познатите причини, а истовремено ќе биде и промоција на неговиот нов албум „The Bridge“ кој излегува на 19-ти ноември.

Ова ќе биде прв концерт на Стинг во Сараево во неговата пребогата кариера и после концертот на U2 во Сараево, одржан во 1997-ма на стадионот “Кошево”, е најголем музички настан на сите времиња досега во Босна и Херцеговина!

Влезниците ќе бидат пуштени во продажба од петок, 12-ти ноември во 09 часот наутро преку продажната мрежа на kupikartu.ba и онлајн преку истиот линк.

Авалон Продукција сама го букираше и сама е организатор на овој врвен настан во Сараево.

Евротип
Евротип
To Top