Новости

Шоубиз

СÉ ШТО ТРЕБА ДА ЗНАЕТЕ ЗА СИНДРОМОТ „РЕМЗИ ХАНТ“ КОЈ ГО ПАРАЛИЗИРА ЛИЦЕТО НА ЏАСТИН БИБЕР

Џастин Бибер неодамна на Инстаграм објави дека десната страна од лицето му е парализирана и навистина го шокира целиот свет. Тој на своите обожаватели им откри дека боледува од синдромот Ремзи Хант.

КОИ СЕ СИМПТОМИТЕ НА ОВАА БОЛЕСТ И КОЛКУ Е ОПАСНА?

Рамзи Хант синдромот е ретко невролошко нарушување кое првенствено се манифестира како парализа на лицето и осип на ушите или устата. Оваа инфекција е предизвикана од вирусот варичела зостер. Тој го напаѓа фацијалниот нерв во близина на едното уво, а потоа го парализира делот од лицето најблиску до него.

Раната дијагноза и третман во првите три дена по појавата на симптомите се клучни за успешна борба против оваа болест. Синдромот се лекува со антивирусни лекови, кортикостероиди и лекови против болки.

Ремзи Хант синдромот обично се јавува по 50-тата година од животот, а кај помладите најчеста причина за оваа болест е стресот. Синдромот е многу редок и тој погодува само 5 од 100.000 луѓе.

Покрај споменатите симптоми, многу заболени имаат и потешкотии со затворање на едното око, губење на слухот, гадење, вртоглавица, повраќање, болка во увото и губење на чувството за вкус и мирис.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Justin Bieber (@justinbieber)

Евротип
SNBROKER
To Top