Новости

Шоубиз

(ФОТО) Каролина Биелавска е новата Мис на светот: Сè уште не можам да поверувам

Каролина Биелавска од Полска е избрана за нова Мис на светот на синоќешниот избор во главниот град на Порторико, Сан Хуан.

Каролина веднаш по победата се огласи на својот инстаграм-профил.

„Кога го слушнав моето име, бев шокирана, сè уште не можам да поверувам. Чест ми е да ја носам круната на Мис на светот и едвај чекам да почнам да работам. Ќе го паметам ова неверојатно поглавје во Порторико до крајот на животот“, напиша таа.

Прва придружничка беше Американката Шри Саини, додека втора придружничка беше Оливија Јејс од Брегот на Слоновата Коска.

Новата Мис на светот е магистер по менаџмент, но моментално работи како модел и се надева дека еден ден ќе стане мотивациски говорник.

Води проект за помош на бездомниците и подготвува топли оброци и пијалоци, сендвичи и пакети за здравствена заштита за околу 300 бездомници секоја недела, пишува на сајтот на Светската организација МИС.

Да потсетиме, изборот за Мис на светот беше одложен од 16 декември за 16 март годинава, поради мерките кои стапија на сила во екот на пандемијата на коронавирус.

Евротип
SNBROKER
To Top