Новости

Шоубиз

Цела поента е да добиеш шамар од некоја позната холивудска „фаца“ – Крис Рок, уште попопуларен после шамарот од Вил Смит

Билетите за турнејата на комичарот Крис Рок станаа исклучително барани откако актерот Вил Смит му удри шлаканица на церемонијата на доделувањето на Оскарите. Крис претходно се пошегува на сметка на сопругата на Вил.

Многумина сега решија да купат билети за турнејата „Ego Death World Tour“ на Крис Рок, која ќе има настапи во 50 градови низ САД.

Компанијата за продажба на билети „ТикПик“ на Твитер објави дека продажбата на билети за комичните вечери на Крис Рок нагло скокнала, а цената е прилагодена поради големата побарувачка. Поскапиле и билетите за неговата претстава во Бостонскиот театар.

Цената на резервацијата на маса се зголемила од 338 долари на 450 долари. Сите билети се распродале брзо.

Ок,значи цела поента е да добиеш шамар од некоја позната холивудска „фаца“! Хм…

Евротип
SNBROKER
To Top