Новости

Шоубиз

Цеца Ражнатовиќ вакцинирана со кинеската “Синофарм“

Фолк пејачката реши да се заштити себе со вакцината и да ги повика луѓето да го сторат истото.

Во 13:30 часот Цеца Ражнатовиќ пристигнала на белгардскиот Саем, каде што ја примила вакцината против коронавирус.

Таа прво, како што наложуваат правилата, била на разговор со доктор, а потоа отишла на местото за вакцинација.

-Не почуствував ништо, изјавила фолк ѕвездата по вакцинацијата со кинеската вакцина Синофарм.

-Сметам дека секој свесен граѓанин треба да се вакцинира за пред се да се заштити себа, а потоа и семејството и луѓето кои го опкружуваат. Со голед на тоа дека имав корона, како што е познато, имав и одредена количина на антитела, па по советување со доктор тоа го сторив сега. Мораме да сфатиме, здравствените работници вложуваат огромен напор за да се грижат за нашите граѓани и тоа не смееме никогаш да го заборавиме. Сметам дека луѓето треба да се вакцинираат и дека тоа е нивна обрска. Сакам да се вратиме во живот, да имам концерти, да се веселиме и гушкаме! Ајде да се потрудиме тоа да биде што поскоро, апелира Цеца.

GOLD
To Top