Новости

Шоубиз

Четири од фестивалите на EXIT во трка за Европски фестивалски награди

Дури четири фестивали од Егзитовото семејство – EXIT, Sea Star, Sea Dance и No Sleep, се натпреваруваат за влијателните Европски фестивалски награди (EFA).

На објавената листа, овогодишното издание на Exit се натпреварува за титулата Најдобар голем фестивал“, награда која новосадскиот фестивал веќе двапати ја освои – во 2013 и 2017 година.
Ова зборува за фестивалскиот туризам во нашиот регион.

Во трката за наградата Најдобар фестивал од средна големина“ кој брои до 40.000 посетители дневно, се наоѓаат Егзитовите настани од земјите во регионов, кои претставуваат примери на извоз на креативните индустрии од Србија – црногорскиот Sea Dance фестивал од Будва, кој ова признание го доби за 2014 година и хрватскиот Sea Star фестивал од Умаг. Штотуку завршениот No Sleep фестивал, сѐ уште официјален носител на титулата „Најдобар нов европски фестивал“, за првпат е во конкуренција за Најдобар фестивал во затворен простор“.

Гласањето за Европските фестивалски награди отворено е за сите и ќе трае до 7 декември, на официјалниот сајт на Европските фестивалски награди, или преку линкот, со избирање на EXIT во категоријата „Best Major Festival“, избирајќи го Sea Dance или Sea Star фестивалот во категоријата „Best Medium-Sized Festival“, и избирајќи го No Sleep фестивалот во категоријата „Best Indoor Festival“.

Гласовите на милионската публика ширум светот одлучуваат за победниците, а ним ќе им се придружат и гласовите од жирито, составено од водечки експерти во музичката индустрија. Победниците ќе бидат прогласени на 18 јануари следната година, на церемонијата за доделување награди на отворањето на фестивалот Eurosonic Noorderslag во Гронинген во Холандија.

Евротип
SNBROKER
To Top