Новости

Шоубиз

Шакира само што не полудела! – Тешка година за колумбиската пејачка

Љубовната врска која траеше дванаесет години, помеѓу колумбиската светкси позната пејачка Шакира и фудбалерот Жерар Пике, долго време беше инспирација за широката публика во светот, кога оденаш како и повеќето парови, тие свртија нов лист и љубовната бајка се претоври во хорор за пејачката.

Инаку, за потсетување, парот неодамна не извести дека се разведува. Но, изгледа дека фудбалерот, не чекал многу, па веднаш си најде девојка. Но, дали е ова вистинската причина за развод сеуште не се знае. Според неговото однесување, како што тврдат папараците, Пике како да сака да и се одмазди на неговата бивша сопруга со која има две деца, па сега и се бакнува јавно со новата девојка Чиа Марти, студентка која работи во неговата компанија. Потсетуваме дека не поминаа ниту три месеци од раскинувањето со колумбиската пејачка и раскинувањето на нивната врска.

Новиот пар е снимен како се бакнува на фестивалот „Summerfest Cerdanya“ во Каталонија, а се чини дека неговата поранешна партнерка Шакира воопшто не е среќна поради тоа, како што пишува „Дејли мејл“. Извор близок до семејството на Шакира тврди дека пејачката наводно е многу лута што таткото на нивните две деца веќе се појавил во јавноста со нова девојка, бидејќи наводно се договориле да не се појавуваат во јавноста со нови партнери во текот на првата година од разводот.

Евротип
SNBROKER
To Top