Новости

Шоубиз

Шекил О’Нил во реклама која ги налути австралијците

Рекламите за букмејкерот PointsBet беа објавени пред повеќе од еден месец, но сè уште се дискутираат како контроверзни поради начинот на кој ги прикажуваат австралијците. Многумина сметаа дека се претставени како глупави и заостанати, а има и толку изреволтирани што дури поднеле и жалба околу оваа реклама.

Рекламите ја прикажуваат австралиската апликација на обложувачницата, а во едната е прикажано како О’Нил разговара со тројца момци од хумористичната трупа The Inspired Unemployed додека тие се надвор со фрижидери со пијалоци, повеќе свиркаат отколку што одговараат на неговите прашања.

Во втората реклама истиот тим е во кафана и гледаат фудбал, односно рагби со австралиски правила, што Шакил не ги разбира баш и на крајот погрешно ја користи изреката што се користи за пиење алкохол за еден спортски потег.

По поплаките дека рекламите се навредливи за австралијците, австралиската асоцијација на национални огласувачи (AANA) откри дека рекламите не прекршуваат никаков код, но луѓето на Твитер не се согласија дека тие не се навредливи.

Дополнително, авторите на огласите изјавиле дека нивната намера не била да ги навредат и дека сметаат дека оваа област е уникатна и треба да се слави по сето она по што е позната и дека се што е претерано во нив е чисто за да се прикаже уникатниот хумор по кој луѓето од оваа земја се познати.

Евротип
SNBROKER
To Top