Новости

Шоубиз

Шерон Стоун во виолетов балски фустан го украде светското внимание

На југот на Франција се одржа добротворна вечер на галата Монте-Карло посветена на зачувување на природната средина и здравјето на нашата планета. На свеченоста ,,Monte Carlo Gala for Planetary health”, sвездите на црвениот тепих, ги предводеше актерката Шерон Стоун. Познатата убавица ги украде погледите во раскошна виолетова креација со потпис на модната куќа Долче и Габана.

Галата Монте-Карло е опишана како единствена можност да се дејствува во корист на океаните, земјата и човештвото, и се случува во Монако под претседателство на принцот Алберт Втори. На хуманитарната вечера присуствуваа и некои холивудски sвезди.

За свечената вечер, Шерон Стоун која го доби целосното светско внимание, носеше балски фустан во светло виолетова боја со потпис на Долче и Габана. Со долен раскошен дел предимензиониран во обем, фустанот навистина потсеќаше како да е излезен од некоја приказна. И покрај едноставноста на горниот дел, истовремено се остави гламурозен впечаток со класичниот крој, деколтето во форма на срце и отскривсњето на рамената што го нудеа самиот модел.

Драматичниот фустан го украде целото внимание во секунда, а 63-годишната убавица комбинацијата ја дополни со црни сандали со висока потпетица и мини чанта во различна виолетова нијанса. Раскошната креација беше финиширана со накит од луксузниот бренд Chopard.

Извор: zadovoljna.hr

Евротип
Евротип
To Top