Новости

Шоубиз

Шерон Стоун му противречи на ,,дрес кодот” на црвениот тепих

Во Лос Анџелес се одржа хуманитарен настан CORE гала, а меѓу присутните ѕвезди беше и актерката Шерон Стоун.

Таа со насмевка позираше пред фотографите покрај нејзиниот колега Шон Пен, кој стои зад непрофитабилната хуманитарна организација CORE.

И додека Пен беше во класичното издание што го гледаме на слични церемонии, во темносино одело, со вратоврска и во чевли, Шерон се појави во облека каква што речиси и не ја гледаме на црвениот тепих.

Наместо некој гламурозен фустан и штикли, таа облече розев сатенски костум и бела блуза, но носеше и патики.

Без вртоглавите штикли кои се непишано правило за гламурозни настани, Шерон гордо позираше во овие рамни спортски бели чевли со потписот на брендот Dolce & Gabbana.

Со тоа уште еднаш покажа дека не е роб на правилата и дека и е поважно да се чувствува добро во тоа што го носи.

Аутфитот го зачини со бела кожна чанта со златен синџир.

Евротип
SNBROKER
To Top