Новости

Шоубиз

Шило, ќерката на Анџелина Џоли и Бред Пит повторно ,,сака да биде машко”

Во едно интервју холивудската актерка која го има можеби најголемото внимание од очите на светот, Анџелина Џоли, за својата ќерка Шило изјави: ,,Таа сака да биде машко!”

Судејќи по нејзиниот аутфит низ годините, беше очигледно точна констатацијата на Џоли, па евидентно Шило се облекуваше како што тоа им доликува на оние од посилниот пол.

Но, пред некое време ќерката на можеби најубавите луѓе во светот, ги изненади фановите на нејзините родители и се појави во комплетно ново светло.

Шило носеше романтичен краток фустан, женски чевли и дискретна шминка што предизвика бура од позитивни коментари и воодушевувачки констатации дека таа е прекрасна дама која убавината ја добила и од Анџелина и од Бред. ,,Совршен микс, но се чини дека е поубава и од двата!” ,,Вистинска дама!” ,,Нежна, женствена, преубава!”, беа само дел од коментарите по социјалните мрежи.

Но, Шило очигледно реши да ги разочара, појавувајќи се повторно во т.н.машко издание, носејќи аутфит кој очигледно повторно алудира на се, освен на женствено. Погледнете фотографија од тоа нејзино последно појавување тука.

Евротип
Евротип
To Top