Што се случува со Џенифер Лопез? – Избришани сите објави на нејзиниот Инстаграм профил

Џенифер Лопез ги избриша сите објави на Инстаграм и ја замени фотографијата на профилот со црн круг
Така, сите нејзини објави исчезнаа од профилот.
Лопез ги остави активни останатите профили и не промени ништо на Twitter, Facebook, TikTok.
Засега нема добиено објаснување ниту од пејачката ниту од нејзиниот ПР тим.
Дали се работи за нова кампања или напад се уште не е откриено, но секако не е повлекување, бидејќи во тој случај би се деактивирале и нејзините други профили.
