Новости

Шоубиз

Ѕвездата на „Сексот и градот“ во филм со Роберт де Ниро

Sвездата на „Сексот и градот“, Ким Катрал, се пријави за нов хумористичен филм на Роберт Де Ниро. Актерката, позната по улогата на Саманта Џонс во иконскиот ситком на HBO, ќе глуми во филмот „About my father“, базиран на вистинскиот живот на стенд-ап комичарот Себастијан Манискало, пренесува Deadline.

Филмот ќе ја следи приказната за тоа како Манискало му кажува на својот татко италијанец (од старата школа) за неговите планови да ја запроси својата девојка Американка. Ова води кон средба на родителите и судир на нивните „разлики“, иако до крајот на викендот тие ќе ги средат работите и ќе се сложат.

Ова е чудна комбинација на големи актерски имиња, за кои до некаде можеби и со извесна скепса гледаме на претстојниот филм. Но, како и да е, и двајцата актери се маестрални во нивната професија, па се надеваме дека нема да не разочараат.

Евротип
Евротип
To Top